His Eminence METODIJ
Metropolitan of the American-Canadian Macedonian Orthodox Diocese
Metropolitan Metodij (Zlatanov) was born on 24 August 1963 in Berovo, Macedonia. Once the situation in Skopje is regulated because of the earthquake, his family returned to Skopje. Finishes elementary and secondary education in Skopje. After two years of study at the Faculty of Philology, he switches to the Faculty of Orthodox Theology "St. Clement of Ohrid" in Skopje. His monastic life began in 1995 first in the Monastery of the Mother of God – Eleusa in Veljusa, and later in St. Leontius Monastery – Vodocha. In 1996 he was ordained a Hieromonk and a few months later an abbot of St. Elijah Monastery in Strumica. In mid-1998 he graduated from the Faculty of Orthodox Theology "St. Clement of Ohrid" in Skopje. Soon after he continues with the master studies at the Department of Macedonian Literature and began working as a full-time professor and vice-rector at the Macedonian Orthodox Seminary "St. Clement of Ohrid" in Skopje. In 2004 he was made an Archimandrite, and in 2005 ordained as Bishop of Velika. In 2006 he defended the thesis titled "Koco Racin and the Bogomils" and gains the title Master of Philology. That same year, on April 6, the Holy Synod of the Macedonian Orthodox Church appointed him as Administrator of the American-Canadian Macedonian Orthodox Diocese, and then as its competent Bishop and was enthroned on September 2, 2006 in the Diocesan cathedral "St. Clement of Ohrid" in Toronto. He is a member of the Writers' Association of Macedonia and the Association of Journalists of Macedonia. He is the author of many books and numerous articles and essays. He was a chief editor of the "Orthodox way" magazine. He is a member of the editorial "Portal" and contributor to the magazine "Premin". He was a member of “Aporea” the intermedia group, which was later renamed "Anastasia." Since 1993 he is a chief editor of the magazine "Domostroj (Dispensation)". Also he is an author of Religious Education Program for the third grade accepted as an official program in religious studies by the Holy Synod for 2003 and the Ministry of Education and the Bureau for Development of Education. Currently his residence is located in Detroit, Michigan.
Негово Високопреосвештенство, Митрополит Американско-канадски
М Е Т О Д И Ј
Роден е во Берово на 24 август 1963 година. Откако е регулирана состојбата во Скопје поради катастрофалниот земјотрес, неговото семејство се враќа во Скопје. Основно и средно образование завршува во Скопје. Две години студира на Филолошкиот факултет, потоа се префрла на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Својот монашки живот го започнува во 1995 година прво во манастирот „Св. Богородица Елеуса“ – Велјуса, а подоцна во „Св. Леонтиј“ – Водоча. Во 1996 година ракоположен е за јеромонах и неколку месеци подоцна, за игумен на манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Во средината на 1998 година дипломира на Православниот Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Набргу потоа ги запишува постдипломските студии на Катедрата за македонска книжевност и започнува да работи како редовен професор и заменик-ректор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во 2004 година произведен е во чин архимандрит, а во 2005 година хиротонисан е за епископ Велички. Во 2006 година ја брани магистерската теза под наслов „Кочо Рацин и богомилите“ со што се стекнува со титула магистер по филолошки науки. Истата година, на 6 април, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква го назначува за администратор на Американско-канадската македонска православна епархија, а потоа и за нејзин надлежен архиереј и е востоличен на 2 септември 2006 година во катедралниот храм „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на новинарите на Македонија. Автор е на повеќе книги поезија и бројни есеи и студии. Беше главен и одговорен уредник на списанието „Православен пат“. Член е на редакцијата „Портал“ и соработник на списанието „Премин“. Членувал во интермедијалната група „Апореа“ која подоцна се преименува во „Анастасија“. Од 1993 година главен и одговорен уредник е на списанието „Домострој“. Автор е на Програмата за веронаука за третите одделенија прифатена како официјална програма по веронаука од Светиот Архиерејски Синод за 2003 година и од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието. Моментално неговата резиденција се наоѓа во Детроит, Мичиген.