The purpose of this program is to teаch all interested school aged children, besides the Orthodox faith and tradition, the Macedonian language, history and culture.
STS. PETER AND PAUL CHILDREN’S MINISTRY, as the name says, is a church ministry that focuses on the spiritual education of the children of our parish. The main tool of Sts. Peter and Paul Children’s Ministry is the MACEDONIAN SUNDAY SCHOOL together with the VBS (VACATION BIBLE SCHOOL). Our Sunday School program teaches the stories of the Bible, the doctrine and dogma of the Orthodox Church so that our children have a good understanding of the faith in which they were baptized and will practice for the remainder of their lives. Besides the religious aspect, the Sunday School includes Macedonian language and Macedonian customs and traditions classes, crafts, preparation of kids plays for various occasions etc.
Sunday school starts with attending the Divine Liturgy at 10 AM. At the end of the service, the kids receive Holy Communion and they continue to the classroom where they have a weekly lesson.
We are encouraging the parents, especially the mothers, to volunteer and join the Children’s Ministry Committee and help with their personal gifts.
We believe that it is very important that the children enrolled in the program are in attendance at every scheduled class except for family emergencies or illness. This is important so that the children receive an education that will help them grow in the understanding of their Orthodox faith and Macedonian culture.
***
ДЕТСКАТА МИСИЈА на Македонската православна црква „Св. Петар и Павле“ во Краун Поинт, Индијана, е црковна мисија која е грижи за духовното воспитување на децата од нашата парохија. Основното средство на Детската мисија е НЕДЕЛНОТО УЧИЛИШТЕ, заедно со ЛЕТНОТО БИБЛИСКО УЧИЛИШТЕ. Програмата на нашето Неделно училиште за свој предмет ги има библиските стории, учењето и догмите на Православната црква, со што нашите деца стекнуваат подобро разбирање за верата во која се крстени и која ќе ја практикуваат во текот на целиот живот. Освен религиозниот аспект, Неделното училиште вклучува лекции по македонски јазик, македонски традиции и обичаи, ракотворби, подготовка на детски претстави и рецитали за различни пригоди итн.
Училиштето започнува со присуство и учество во Светата Литургија во 10 часот наутро. На крајот од службата, децата примаат Света Причест и продолжуваат во училницата за неделната лекција. Родителите можат (и им се препорачува) да присуствуваат и учествуваат во богослужбата, додека нивните деца се на часот.
Ги поттикнуваме родителите, особено мајките, да волонтираат и да се вклучат во Комисијата на Детската мисија, и да помогнат со своите лични дарови.
Веруваме дека е многу важно за децата што се вклучени во програмата да присуствуваат на секој закажан час, освен при итни случаи во фамилиите и во време на болест. Ова е важно за децата да стекнат образование, коешто ќе им помогне да растат во разбирањето на нивната Православна вера и македонска култура.